На теренот во Јане Сандански денес се одигра меч во кадетското првенство во кој Вардар беше домаќин на Ренова. Нашите момци дојдоа до триумф со резулатат 1-0 (0-0). Тренерот Колвев мечот го стартуваше со следниве играчи: Тимевски, Џуклевски, Тодоров, Јордановски, Стојчевски, Насковски, Менкиновски, Дишлиевски, Крировски, Јахја, Трајчевски (капитен).
Мечот почна со мирна игра на влажен терен по тешки услови за игра поради мокриот терен и силниот ветер. Прва посериозна прилика имавме преку капитенот Трајчевски која не ја реализиравме. Ренова имаше во 20 минута чист зицер, сепак нашиот голман Бојан Тимевски беше на ниво и одбрани одлично. Паѓаше силен дожд на средина од првиот дел кој многу ја заспори играта на двата кадетски тима на мечот. Насковски се обиде од 35-40 метра топката мина крај левиот директ на Исени Арион во 34 минута од мечот. Поради повреде во 38 минута направивме принудна измена на место на Насковски Гоце влегува во игра Скендерски. Докрајот мирна игра за одбележување е една шанса на Кировски Андреј која одбраната ја исфрли во последен момент во корна.
Вториот дел тренерот на кадетите Влатко Колев го започна со измена Стоименов влегува на место на Менкиновски. Двата тима имаат мирна игра во почетокот на вториот дел. Ренова има прилика после досуден индиректен удар во нашиот казнет простор откако Тимевски фати повратна од наш играч. Голема шанса пропуштаме преку Јахја кој неуспева да го отвори резултатот по една изгледна прилика што се создаде по карамболот пред голот на гостите. Гостите се обидоа од дистанца преку Мемедали топката идеше силно по земја, Тимевски умешно ја собра оваа топка. Колев сака да поведе прави трета измена на место на Јахја го уфрла во игра Маркоски Дејан. Голема шанса по изведен слободен удар Трајчевски нафрли Насковски со глава погоди. Конечно погодуваме Стоименов Дејан по еден крамбол со клизачи старт погодува за наше водство. По овој гол ние понатака напаѓаме со цел да поведеме со два гола на овој дуел. Повторно се појавува силен дожд во населбата Аеродром кој го попречува текот на мечот, двата тима се трудат, но условите се крајно тешки. Капитенот Трајчевски беше во прилика , сепак побрз беше гостинскиот голман Исени Арион. На 2 минути до крајот двојна прилика пропушта Дишлиевски, кој не успева да погоди од непосредна близина.