Денес и утре, своите реванш натпревари од четврфиналето на купот против Шкендија, ќе ги одиграат кадетите и младинците на фудбалскиот клуб Вардар.
Младинците својот натпревар го играат денес од 13 часот на теренот на противникот, односно во Тетово. На првиот дуел одигран на теренот на Академијата, ниту една од екипите не обезбедија предност и овој меч заврши со нерешен резултат од 3:3. На тој дуел, Вардар имаше предност од 2:0, за Шкендија да направи целосен резултатски пресврт и да поведе со 2:3. Црвено-црните се спасуваа во судиското надополнување, постигнувајќи гол за нерешени 3:3 на првиот четвртфинален дуел од купот. Два натпревари со истиов противник одигравме и во првенсвото и по една победа им припадна на двете екипи. Шкендија славеше на првиот меѓусебен меч и тоа на теренот каде денес се игра натпреварот. Тогаш во рамките на 3 коло бевме поразени со резултат 4:2. Сепак Вардар го врати ударот и на натпреварот одигран во неделата на домашен терен, убедливо го совладавме нашот најголем конкурент за титулата, победувајќи убедливо со 4:1. Останува да видиме каков ќе биде исходот од денешниот натпревар, иако мора да се напомене дека Шкендија е во мала предност и поради нерешениот резултат од првиот меч и поради домашниот терен.
Кадетите пак ќе се обидат да ја анулираат минималната негатива од 2:1, на првиот натпревар во Тетово. Реванш мечот, кој ќе го даде патникот во полуфиналето на националниот куп ќе се одигра утре на теренот на Академијата од 13 часот. Избраниците на Влатко Колев го совладаа противникот на првенствен натпревар кои се одигра во неделата и кој заврши со минималн триумф на црвено-црните од 1:0. Се надеваме на ист ваков резултат и на утрешниот меч, кој би му донел пласман на Вардар во најдобрите четири екипи во купот.
Само да потсетиме дека претходно пласман во полуфиналето обезбедија пионерските екипи на Вардар, како и генерациите родени “2003“ и “2004“ година.