Во периодот од 5-10-ти јуни, генерацијата на ФК Вардар родени “2000“ година, ќе бидат дел од силен меѓународен турнир “Куп на Пријателство“ кој ќе се одржи во Златибор. Вардаровите кадети ќе бидат во група со силни екипи и тоа Еспањол (Шпанија), Олимпија Љубљана (Словенија) и Удинезе (Италија). Екипи се поделени во четири групи, составени од исто толку екипи, а дека се работи за силен престижен турнир говори фактот дека дел од истиот ќе бидат и најдобрите екипи од Србија, тоа се Партизан, Црвена Ѕвезда и Војводина, потоа Динамо Загреб и Осијек (Хрватска), Фенербахче ( Турција) и други силни познати тимови.
Само победниците од сите четири групи ќе бидат дел од полуфиналето на турнирот. Ова ќе биде вистински предивик за црвено-црните, но и проверка до каде се можностите на оваа генерација на Вардар, која заврши на второто место во националното првенство.