Кадетите на фудбалскиот клуб Вардар утрово заминаа во Дојран каде до 22-февруари ќе се подготвуваат за пролетниот дел од сезоната кој треба да стартува на почетокот на месец март. Тренерот Влатко Колев со себе понесе 20 играчи на овие подготовки. Изминатиов период тие тренираа на академијата, а од денес ќе го одработат главниот дел од подготовките.
Оваа генерација на ФК Вардар заврши како второпласирана во есенскиот дел од сезоната, со само еден бод помалку од екипата на Работнички. Во првото пролетно коло црвено-црните ќе гостуваат во Струмица, на екипата на Академија Пандев. Во Дојран се очекува кадеите да одиграат некој контролен натпревар.