Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Динамо Загреб подобар од Вардар, кадетите со пораз го стартуваа турнирот во Златибор
Динамо Загреб подобар од Вардар, кадетите со пораз го стартуваа турнирот во Златибор

Динамо Загреб подобар од Вардар, кадетите со пораз го стартуваа турнирот во Златибор

Кадетите на ФК Вардар со пораз го стартуваа меѓународниот „Куп на пријателство 2019“ кој се одржува во Златибор. На воведниот меч избраниците на Чунга Лунга доживеа пораз од тимот на Динамо Загреб, со резултат 2:0.

Вардар: Китановски, Радуловиќ – Величковиќ, Манасиевски (c), Крстевски, Мицевски, Петејчук, Речица, Ристовски, Игнатов, Спировски, Омерагиќ. 

Во првото полувреме видовме еден гол, истиот беше дело на Динамо Загреб и по една голема прилика за двете екипи. Првиот конкретен обид го имаше тимот од Хрватска, се играше 6.минута од мечот, кога од десната страна беше нафрлена една топка во нашиот шеснаесетник, но Китановски беше присебен и ја прибра топката во своите раце. Лук Јан беше играчот кој ја имаше првата голема прилика за отварање на резултатот. Противничката екипа направи добра акција, Куклика додаде до Јан, но овој од само неколку метри не успева да го совлада вардаровиот голман, односно топката заврши крај нашиот гол. И црвено-црните имаа голема прилика за предност, откако се создаде ситуација за Азер Омерагиќ, кој доколку беше поумешен, можеше да донесеше водство, но голманот на Динамо Загреб го брани неговиот удар, па резултатот остана оној почетниот. Сепак во 27  минута од дуелот противникот успева да поведе со голот на Кризманиќ, откако десниот век Величковиќ се лизна, до топката стигна Кризманиќ кој го совладува Китановски, за водство од 1:0. До крајот на првиот дел кој се играше 35 минути, не видовме некоја сериозна акција за погодок.

По пет минути игра во второто полувреме се создаде шанса за Динамо Загреб, после центар шут од левата страна, до топката прв стигна Пејиќ, кој за наша среќа оди покрај голот. Веќе во следната минута се заканува и Кризманиќ, но одбрани Китановски.  Се поконкретен Динамо Загреб, нова акција, во нашиот шеснаесетник, бие Јан, но повторно брани Китановски. Во игра кај Вардар во вториот дел се Петар Гугуљанов и Дамјан Трајановски. Поради лошо вратена топка, се создаде голема шанса за Динамо, но повторно Китановски брани спаси чист погодок, резултатот се уште е 1:0. Нова закана од хрватскиот тим, откосо од десната страна се обиде со силен удар, но брани нашиот голман и исфрла во корнер. Прашање на време беше кога ќе примиме нов гол, се играше 55 минута кога Лук Јан зголеми на 2:0, после одлична акција на загребчани. Во игра кај Вардар е и Берат Зендели. До крајот без промени, мечот заврши со резултат 2:0

Треба да се напомене дека ова е турнир за играчи родени 2001 година, додека ние на овој дуел настапивме со состав, во кој половина од стартерите, како и играчите кои влегоа од клупата се генерација 2002. Кај Вардар недостасуваат играчи како Андов, Ѓурковски и Митревски. Утре го играме вториот меч на турнирот, против екипата на Олимпија.