Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите победија против Шкупи, но титулата ќе се решава во Тетово
Кадетите победија против Шкупи, но титулата ќе се решава во Тетово

Кадетите победија против Шкупи, но титулата ќе се решава во Тетово

Избраниците на Љупчо Марковски ја оправдаа фаворитската улога на денешниот натревар против екипата на Шкупи. На теренот на Локомотива забележаа победа со резултат 2:0. Стрелци на головите беа Ердон Даци и Дејан Маркоски.

На денешниот дуел, разликата во резултат можеше да биде три пати поголема, ако црвено-црните ги искористија сите шанси кои им се пружија пред голот на противникот. Не ги искористија стопроцентните прилики, но и оние два погодоци беа доволни за три бода од овој меч. Противникот пак немаше некој посериозен напад или акција за постигнување на гол. На полувреме се замина со резултат 1:0.

Сепак тука титулата не се реши, бидејки и Шкендија забележа победа на гостувањето во Струмица. Иако А. Пандев на полувреме имаше предност од 2:0, гостите од Тетово во вториот дел направија чудо и целосен пресврт, за на крај да забележат триумф од 2:4.  Кој ќе биде новиот шампион во оваа категорија, ќе се знае по одгурвање на последното коло, каде Вардар гостува токму на директниот конкурент. Шкендија во Тетово го пречекува Вардар. За нашите надежи е доволно и реми ,а сеуште не познато дали меѓусебен дуел или гол разлика ќе го реши новиот Шампион на Македонија во кадетската лига.

Фото:Тк Медиа