Saturday ,04 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Девет погодоци на “тест“ дуелот помеѓу кадетите и пионерите, подобри избраниците на Колев
Девет погодоци на “тест“ дуелот помеѓу кадетите и пионерите, подобри избраниците на Колев

Девет погодоци на “тест“ дуелот помеѓу кадетите и пионерите, подобри избраниците на Колев

Денес на теренот на академијата на фудбалскиот клуб Вардар младинските категории на Вардар одиграа меѓусебни контролни натпревари. Помладите пионери беа поделени на две екипи, додека пионерите и кадетите спарингуваа меѓу себе. Истиве генерации требаше да одиграат пријателски мечеви со екипата на Брегалница од Штип, која не допатува во Скопје од оправдани причини.

Кадетите на Влатко Колев беа подобри од пионерите на Сашо Тодоровски со резултат 5:4. Се играа две полувремиња по 40 минути. За разлика од нивниот претходен меч за овој дуел во составот на пионерите беа Битиќи и Ѓорѓиевски кои започнаа во стартната постава. Влатко Колев на овој контролен натпревар им даде шанса за настап на сите играчи, а второто полувреме го играше со својата резервна постава. Повозрасните кадети го започнаа натпреварот со шанса преку Дејан Стоименов кој шутираше над гол. Истио играч успева да го отвори резултатот и да ги доведе катетите во водство од 1:0. Бериша се закани кај пионерите од слободен удар, но резултатот остана непроменет. Повторно прилика за Стоименов, која остана неискористена. Набргу падна и вториот погодок, повторно во мрежата на пионерите за водство од 2:0. Стрелец беше новото потенцијално засилување Арјан. Следеше подобра игра на пионерите која резултираше со два погодоци за израмнување. Најпрво за намалување на резултатот од 1:2 погоди Марко Ѓорѓиевски, додека Јакуп Бериша со прекрасен гол од слободен удар носи израмнување од 2:2 на овој меч. До крајот на првото полувреме Александар Трајчевски ја враќа предноста за кадетите, постигнувајќи погодок за резултат 3:2.

vardarfans kontrolen mec

На стартот на вториот дел тренерот Колев ја смени целата постава на кадетите, давајќи им шанса за докажување на сите играчи. Следеа нови погодоци во овој дел од натпреварот. Повторно Ѓорѓиевски со својот втор погодок носи израмнување на 3:3. Пионерите во продолжение успеваат да направат комплетен резултатски пресврт, за прво вотство од 3:4. До крајот на натпреварот кадетите имаа целосна иницијатива на теренот, покрај двата постиганти голови, ја погодија пречката и стативата од голот на пионерите. Покрај тоа имаа и други добри прилики да ја затресат мрежата. Сепак таквата игра им донесе два погодоци, најпрво израмнија на 4:4, додека решавачкиот погодок го постигна Христијан Стојчевски за резултат од 5:4, што беше и конечен на овој контролен натпревар.

13417515_1042919685754877_3608189065554632601_n