Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Кадетите подобри од пионерите, во меѓусебен контролен натпревар
Кадетите подобри од пионерите, во меѓусебен контролен натпревар

Кадетите подобри од пионерите, во меѓусебен контролен натпревар

На теренот на академијата на фудбалскиот клуб Вардар меѓусебен пријателски натпревар одиграа пионерите и кадетите на ФК Вардар. Очекувано натпреварот им прпадна на повозрасните избраници на Влатко Колев, кој беше подобар од својот колега, Сашо Тодоровски на клупата на пионерите. Се играа две полувремиња по 30 минути. Конечниот резултат гласеше 4:0 во корист на кадетите.

Имавме можност да гледаме еден квалитетен и цврст дуел, кој изобилуваше со шанси на двете страни, иако мора да се напомене дека кадетите имаа повеќе од играта. Александар Ѓоргиески од пионерите прв посериозно се закани кон голот на кадетите, но неговиот удар завршува покрај голот. Врати на спротивната страна Дејан Маркоски, кој шутираше покрај голот. Се обиде и Виктор Пешевски за пионерите, но резултатот остана непроменет. Конечно својата доминација кадетите ја претвараат во погодок, со голот на Дејан Стоименов за водство од 1:0. Овој резултат беше актуелен по првиот дел.

На овој натпревар посебен впечаток остави голманот Давид Денковски, кој на овој меч го чуваше голот на пионерите. Инаку се работи за позајмен играч, кој тренира во Вардар веќе пола година. Неговите интервенции, спречија кадетите сеуште да не го зголемат резултатот. Пред постигнување на вториот погодок, во прилика се најде и Александар Трајчевски. Наскоро Абдула Јахија зголемува на 2:0. Пионерите ја пропуштија својата најголема прилика да постигнат почесен гол, откако Јакуп Бериша од добра позиција не успева да го погоди голот. “Потенцијалното “засилување за кадетите, Арјан успева да постигне гол за негов првенец и предност од 3:0. До крајот на мечот уште еден погодок за кадетите, кој беше дело на Михаил Геговски. Пионерите настапија без Марко Ѓорѓиевски, Саит Битиќи и Филип Антовски кои се дел од репрезентацијата до 16 години.