Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Втора сезона по ред, кадетите на ФК Вардар се вицешампиони на Македонија, Трајчевски е најдобар стрелец на оваа генерација
Втора сезона по ред, кадетите на ФК Вардар се вицешампиони на Македонија, Трајчевски е најдобар стрелец на оваа генерација

Втора сезона по ред, кадетите на ФК Вардар се вицешампиони на Македонија, Трајчевски е најдобар стрелец на оваа генерација

Втора сезона по ред кадетите на ФК Вардар се вицешампиони на Македонија, во рамките на кадетската лига. Избраниците на Влатко Колев завршија на второто место, со вкупно 47 освоени бодови, или десет помалку од шампионот, екипата на Работнички. Токму двата директни дуели со овој противник го решија новиот кадетски шампион, каде Вардар ги загуби двата натпревари. На конечниот исход на табелата имаше влијание и гостинскиот пораз од Милано, со кој во тој моменти, екипата на Работнички “побегна“ на четири бода разлика. Се беше јасно кога на теренот на Алумина, противнкот беше подобар, за недостижна бодовна разлика. Сезоната ја завршиме со 15 победи, 2 нерешени резултати и 5 порази.

Сите постигнати резултати за Вардаровите кадети во првенството за оваа натпреварувачка сезона:

1 коло: Вардар – Академија Пандев  3:2

2 коло: Пелистер – Вардар 1:2

3 коло: Вардар – Милано 2:0

4 коло: Победа – Вардар 1:2

5 коло: Вардар – Брегалница 9:1

6 коло: Гостивар – Вардар 0:5

7 коло: Вардар -Работнички 1:2

8 коло: Металург – Вардар 1:1

9 коло: Вардар -Шкендија 5:1

10 коло: Шкупи – Вардар 1:2

11 коло: Вардар – Ренова 1:о

12 коло: Академија Пандев – Вардар  1:1

13 коло: Вардар – Пелистер  3:0

14 коло: Милано -Вардар  3:1

15 коло: Вардар – Победа  1:0

16 коло: Брегалница – Вардар  0:6

17 коло: Вардар – Гостивар  7:0

18 коло: Работнички – Вардар  4:1

19 коло: Вардар – Металург  0:2

20 коло; Шкендија – Вардар  2:1

21 коло: Вардар – Шкупи  2:1

22 коло: Ренова – Вардар  1:6

Немавме среќа и во купот на Македонија, каде речиси во последната минута бевме елиминирани од екипата на Академија Пандев. Вардар до 90-та минута на гостувањето во Струмица имаше резултат кој ги носи во големото финале, но сепак дозволивме да примиме погодок, со кој бевме елиминирани од ова натпреварување.

1/8 куп: Вардар – Шкендија 0:0 ( пенали 3:2)

1/4 куп: Шкупи – Вардар 2:1

1/4 куп: Вардар – Шкупи 2:1 ( пенали 4:3)

1/2 куп: Вардар – Академија Пандев  1:1

1/2 куп: Академија Пандев – Вардар  3:2

Одлична сезона во црвено-црниот дрес за Александар Трајчевски, кој заврши како најдобар стрелец, во составот предводен од Влатко Колев. Ова се сите играчи, кои постигнаа вкупно 69 голови ( од кои 6 беа на натпреварите од националниот куп). Инаку примивме вкупно 25 голови во првенството и 7 во купот.

vardarfans-trajcevski

1. Александар Трајчевски  14

2, Јахја Абдулхади  10

3. Дејан Стоименов  и Никола Серафимов  8

4. Јакуп Бериша  6

5. Оливер Дишлиевски, Дејан Маркоски и Марко Ѓорѓиевски по 3

6. Христијан Стојчески  2

7.Дамјан Менкиноски, Стефан Петревски, Петар Малески, Харбин Купа, Филип Стојчевски,Дамјан Петрески, Андреј Скендерски, Кристијан Јордановски, Андреј Кировски, Кренарт Дарлишта, Александар Ѓорѓиески