Од 3.000 денари, 2500 и 2000 како што првично беа најавени билетите за мечот со Фенербахче сега сите се 300 денари. Во писмото на Сергеј Самсоненко дека заминува од Вардар -види меѓудругото за билетите за натпреварот од плејоф колото во Лигата на Европа, против Фенербахче, в четврток на 17 август стоеше:
„Во врска со билетите за натпреварот Вардар-Фенербахче, одлучив да ги продаваме сите билети по единечна цена од 300 денари, без разлика на сектор или трибина. На сите кои купиле билет по стара цена, средствата ќе им бидат рефундирани. Напред Вардар!.