Вардар фати одлична форма и бележи значителни победи во ВМФЛ-Запад. Фудбалерите на Глигоров потешко од очекувањата, го добија и тимот на Кораб од Дебар со резултат 1:0 и тоа со гол во 90.минута на Љамчевски.
Иако Вардар на крајот победи, сепак Глигоров има простор за загрижување. ,,Моторот” на средината на теренот, Вилдан Керим заработи незгодна повреда откако падна директно на клучната коска. Се обиде да продолжи да игра, но повредата сепак си го направи своето па мораше да излезе уште на средината на првиот дел.
За жал на крајот Керим сепак добил скршеница, па ќе мора да отсуствува извесен период надвор од фудбалските терени. Секако дека оваа повреда доаѓа во најнезгоден момент, бидејќи Вардар по репрезентативната пауза игра три значитечни дуели.
Му посакуваме брзо враќање на трените на нашиот играч.