Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Дамјан Ќосески: Искуството и хемијата од мојата прва сезона во Вардар беа клучни фактори и мотив да бидам повторно дел од оваа екипа
Дамјан Ќосески: Искуството и хемијата од мојата прва сезона во Вардар беа клучни фактори и мотив да бидам повторно дел од оваа екипа

Дамјан Ќосески: Искуството и хемијата од мојата прва сезона во Вардар беа клучни фактори и мотив да бидам повторно дел од оваа екипа

Генерацијата на ФК Вардар родени “2003„ година после двете освоени шампионски титули во регионалната-скопска лига, во новата сезона ќе се натпреварува во првенството како помлади пионери. За да се задржат шампионските амбиции на оваа надежна генерација, треба да помогнат и повратниците во екипата, кои после две години поминати во Академијата на ФФМ се вратија во Вардар. Еден од нив е охриѓанецот, Дамјан Ќосески кој во 2016 година преку “Јуниор„ лигата дојде од екипата на Еврофудбал. Тогашниот стратег на генерацијата “2003„ Ане Андовски го препозна неговиот голем талент и потенцијал и веднаш се наметна во првиот состав на екипата. Подоцна е селектиран да биде дел од Академијата на ФФМ, во која остана две години, а во новата сезона повторно ќе го гледаме во црвено-црниот дрес. Во продолжение од текстот прочитајте го интервјуто со Дамјан Ќосески.

После две години поминати во Академијата на ФФМ, се вративте во Вардар. Дали желбата за повраток во црвено-црниот дрес беше обострана и кој е заслужен за твоето враќање во клубот ?

-После цели две сезони поминати во националната академија за 2003 генерација, лично јас изразив голема желба да се вратам во Вардар и да продолжиме понатаму со старо новите соиграчи, секако, исто така желбата да се вратам повторно во овој клуб беше обострана и бевме во постојан контакт со координаторите Саше Милошески и Ѓорги Христов. Искуството и хемијата од мојата прва сезона во Вардар беа клучни фактори и мотив да бидам повторно дел од оваа екипа.

vardarfans-selekcija-ffm

2. Како што напоменавме две години бевте дел од Академијата на ФФМ, какви услови за работа имавте како на теренот, така и надвор од него ?

-Морам да кажам дека Академијата на ФФМ ни нудеше доста добри услови во изминативе две години , за тренажниот процес како и за активностите кои што се случуваа надвор од теренот. Целиот тим заедно престојувавме во Хотел Скала каде што ни беа овозможени три оброци дневно како и ужина, исто така организирано со такси одевме на тренинг и на училиште. Се одвиваа и активности од забавен карактер во слободно време како кино, куглање итн… Покрај вакви услови и начинот на тренирање, напредокот е неизбежен.

3. Се вративте во Вардар и првите настапи ги имавте на силниот меѓународен турнир “Пандев Куп„, на кој го освоивте третото место. Какви се впечатоците од целокупниот турнир и дали сте задоволни од конечниот пласман ?

-Чувството беше посебно кога после две години дебитирав за Вардар. Во групната фаза издвојувавме две победи против екипите на Национал и Беласица и едно реми со Академија Пандев, со што завршивме на второто место. Сепак во полуфиналето загубивме несреќно со гол од корнер против екипата на Реал Ниш. На крај ни остана ” малото финале ” за трето место каде што повторно наши противници беа Академија Пандев. Овојпат издвојувавме победа од 1-0 и го освоивме третото место. Ние како Вардар сме задоволни со пласманот но, сепак приоритет ни е првото место на било кој турнир и натпреварување.

vardarfans-naslovna-660x330

4. Во новата сезона ќе имате можност да работите со Филип Деспотовски, кој е исто така поранешен играч на Вардар. Колку од претходно знаете за него и како течат подготовките пред стартот на новата сезона ?

-Нашиот тренер во минатото го познавам како одличен везен играч, кој исто така настапувал и за црвено црниот дрес како и за Македонската репрезентација. Подготовките за новата сезона се доста напорни, со секојдневни тренинзи и многу трчање, сепак тоа е клучно за тоа како ние ќе изгледаме на терен во текот на целата сезона. Сите играчи сме задоволни од тренерот бидејќи успеа да ни наметне еден победнички дух, карактер, почит меѓу нас и мотив секогаш да даваме повеќе од максимумот.

5. Генерацијата “2003„ ќе има можност да дебитира во првенството. Какви се очекувањата од вашата екипа ?

-Како што кажав претходно, на нас секогаш ни е приоритет првото место, како во лигата, така и во Купот на Македонија. Сигурен сум дека со ваков ростер на играчи моментално во Вардар и со напорна работа можеме да ги постигнеме посакуваните цели, изјави Ќосески за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски