Голманот на црвено-црниот фудбалски колектив Матија Кобетиќ својата кариера ќе ја продолжи во друг македонски прволигаш, тој е нов член на штипска ФК Брегалница. Хрватскиот голман за времето поминато во Вардар не усепеа да се наметне како прва опција првин кај Андреев, а сега и кај Седлоски и ако добиваше повремено шанса помеѓу стаивите.
На двоецот Пачовски- Гачевски сега како трет голман им се приклучи надежта на македонскиот фудбал 21 годишниот Игор Алексовски, тој е голманот на младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година и беше првото летно засилување. Токму после неговото доаѓање голманската позиција беше “проптоварена“ и се очекуваше дека еден од вардаровите голмани ќе го напушти клубот. Ние лани пазаревме од штипјани и на голот го донесовме “рекордерот“ Гачевски. Матија во Брегалница доаѓа како замена за досегашниот чувар на мрежата Душан Павлов . Во својата кариера забележал настап за хрватските тимови Драговољац, Истра, Сегеста и Сесвете истото така настапувал и надвор од од својата земја како играч на унгарскиот прволигаш Видеотон и словенечка Олимпија Љубљана.