Кадетите на фудбалскиот клуб Вардар успеаа да се пласираат во полуфиналето на купот и тоа дури по изведувањето на удари од белата точка. Реванш натпреварот кој се играше на теренот во населбата Јане Сандански во својот регуларен дел заврши со резултат 2:1, кој беше идентичен како и на оној прв меч. Вардарци поведоа уште во 4 минута, но до крајот на првиот дел противникот успева да го израмни резултатот. Во второто полувреме искористивме една од неколкуте шанси, преку Андреј Кировски за предност од 2:1. По изведувањето на пенали славевме со резултат 4:3. Тренерот на кадетите, Влатко Колев е задоволен од прикажаната игра на својот тим, потенцирајќи дека Вардар бил поквалитетен во овој двомеч со Шкупи.
-Во еден драматичен натпревар понатаму оди сепак поквалитетната екипа, а тоа во овој двомеч беше Вардар. Од психолошки аспект ова беше многу тежок меч, бидејќи “бркавме“ негатива од првиот дуел. И покрај многуте шанси натпреварот во регуларниот дел заврши со идентичен резултат од 2:1, исто како и на првиот меч на кој домаќин беше тимот на Шкупи. Победникот мораше да биде решен дури по изведување на удари од белата точка, каде моите играчи подобро се снајдоа.
Во составот на кадетите се врати и капитенот Дејан Маркоски, за кој ова беше прв натпревар во новата сезона. Во првенството, оваа екипа на Вардар има шест победи и само еден пораз и во добро расположение ќе го дочекаме дерби натпреварот со екипата на Металург.
-Ова не е последниот збор на ова генерација. Секако дека има место за напредок и нема тука да застанеме. Посебно сум среќен, бидејќи после подолга пауза на теренот се врати Дејан Маркоски, кој е сигурно еден од најталентираните играчи во оваа генерација на Вардар. Сега мислите ги насочуваме кон следниот натпревар во првенството против екипата на Металург, кој не очекува во претстојниов викенд. Ова е многу важен меч за нас и ќе дадеме се од себе да го добиеме, изјави за нашиот сајт тренерот на кадетите Влатко Колев.
Звонко Ивановски