Friday ,13 December 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Бојан Колевски постигна четири голови, во победата на репрезентацијата до 18 години, против помладата репрезентација до 17 години
Бојан Колевски постигна четири голови, во победата на репрезентацијата до 18 години, против помладата репрезентација до 17 години

Бојан Колевски постигна четири голови, во победата на репрезентацијата до 18 години, против помладата репрезентација до 17 години

Вчера во Дојран меѓусебен контролен натпревар одиграа младинските фудбалски репрезентации до 17 и 18 години. Подобри на крајот беа повозрасните избраници на Добринко Илиевски кои славеа со резултат 7:0. Во составот на двете селекции настапија седум играчи на фудбалскиот клуб Вардар. Кај репрезентацијата до 18 години, настапија Методија Велковски, Филип Антовски, Јовица Радевски, Бојан Колевски и Виктор Пешевски, додека кај помладите во стартните 11 беа голманот Матеј Андов и Џемал Ибиши.

По првото полувреме, повозрасните имаа предност од 2:0 и тоа со двата гола на Вардарецот, Бојан Колевски, кој во саботата беше во стартниот состав на првиот тим на Вардар, на дербито во Тетово против екипата на Шкендија. Во вториот дел, Колевски ја продолжи својата голеада, запишувајќи се уште два пати во листата на стрелци, вкупно четири голови за него на овој натпревар. Останатите голови и тоа по еден беа дело на Емир Скендери, Филип Алексовски и Игор.

Репрезентацијата до 17 години предводена од Горан Станиќ, ќе остане во Дојран се до 20-ти август, каде се подготвува за октомврискиот квалификациски турнир кој се игра во Скопје.