Тетекс – Вардар ќе се игра во сабота во Тетово. По тој повод ви го пренесуваме целосното соопштение на ,,Комитите”.
.
По сите перипетии конечно разумот преовлада, па Братското Дерби ќе се одигра во предвидениот термин – Сабота од 14:00ч. на Градскиот Стадион во Тетово.
А кој би ги составил коцките за еден ваков совршен совршен ден?
.
Натпреварот се игра на 23-ти Октомври – Денот на Македонската Револуционерна Организација !
Заедно со браќата Војводи ќе го обележиме со заеднички спектакл, низ Тетовските улици и на трибините.
Последен пат кога бевме заедно беше Декември, 2019 година на мечот со Шкендија во Скопје. Па токму од тој ден и од тој ретко виден спектакл и невидена еуфорија, ви ја презентираме оваа видео најава која е составена од материјали кои досега не се објавени. Премиерно ви ги објавуваме за да ја доловиме атмосферата тогаш, која претставува одлична увертира за она што ќе се случува во Сабота.
Силно нека одекнуваат нашите песни !
.
Улиците нека се тресат, затоа што на нив ќе маршираат јунаците – наследници на Организацијата !
За борбата за Македонија, која нема ниту почеток а ниту крај !
За Братството, кое ќе трае вечно !
За Вардар, За Тетекс, За Војводи, За Комити, За Скопје, За Тетово – ЗА МАКЕДОНИЈА !