Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Комити повикуваат за поддршка на братски Тетекс

Комити повикуваат за поддршка на братски Тетекс

Утре не очекува големото финале во рамките на купот на Македонија, каде ќе се сретнат екипите на Тетекс и Работнички. Мечот ќе се одигра на Градскиот стадион со почеток од 20:00. Иако Вардар нема да игра во ова финале, најверните навивачи на црвено-црните повикуваат за поддршка на Тетекс.

-Утре(среда) од 20.00ч на Градски се игра финалето од Купот на Македонија. Нашите фудбалери не успеаа да се изборат за влез во финалето, но затоа клубот на нашите браќа Војводи од Тетово се таму. Тетекс игра против Работнички. Да им помогнеме во освујувањето на уште еден куп како и пред неколку години. Собир во 19.00ч на Фонтана парк.
И ВО ДОБРО И ВО ЗЛО, ЗАСЕКОГАШ ЗАЕДНО
ТЕТОВО – СКОПЈЕ!!!