Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Комплетна статистика за помладите пионери на Фк Вардар во есенскиот дел.
Комплетна статистика за помладите пионери на Фк Вардар во есенскиот дел.

Комплетна статистика за помладите пионери на Фк Вардар во есенскиот дел.

По првиот дел од сезоната, помладите пионери на Фк Вардар имаат учинок од 7 победи, 2 нерешени дуели, и 2 порази. Ако не беше оној лош старт на почетокот, каде по првите два натпревари доживеаа неуспех, во продолжение оваа генерација ги газеше своите противници. Ненавременото регистрирање на играчите, беше сигурно главната причина за тие воведни порази. Во есенскиот дел оваа екипа ја предводеше Туш Зефиќ, кој несомнено направи големи резултати со оваа генерација, кои се надеваме дека успешно ќе ги продолжи неговата замена во името на Сашо Тодоровски. Зефиќ својата тренерска работа ја продолжи во Индонезија.

Резултатите од сите натпревари во првенството:
1 коло: Вардар-Пелистер 1:2
2 коло: Македонија Ѓ.П-Вардар 3:2
3 коло: Вардар-Работнички 4:0
4 коло: Металург-Вардар 0:0
5 коло: Вардар-Академија Пандев 3:1
6 коло: Вардар-Ренова 7:1
7 коло: Милано-Вардар 0:0
8 коло: Вардар-Турново 9:0
9 коло: Дрита-Вардар 0:7
10 коло: Вардар-Шкупи 1:0
11 коло: Шкендија-Вардар 0:3

Во рамките на националниот куп, овие момци се пласираа во полуфиналето. Нивната мрежа остана зачувана во овие мечеви, без примен погодок.

1/8 Фк Вардар-Ренова 3:0
1/4 Милано-Вардар 0:3 (прв меч)
Вардар-Милано 2:0 (втор меч)

Листата на стрелци ја предводи убедливо најдобриот голгетер, Марко Ѓоргиевски.

1.Марко Ѓоргиевски 16 гола ( 11 првенство , 5 куп)
2. Јакуп Бериша 9 гола ( 8 првенство , 1 куп)
3.Кренарт Дардиша 5 гола (сите во првенство)
4.Мартин Филипоски 4 гола (сите во првенство)
5.Кристијан Ристовски и Виктор Ивановски по 3 гола.

Периодот пред стартот на втората фаза од лигата, ја искористија за одигрување на подготвителни натпревари:

1.Вардар-Форца 3:1
2.Вардар-Шкупи 0:0
3.Форца-Вардар 2:8
4.Вардар(пионери)-Вардар(помлади пионери) 3:2

Првиот натпревар во втората полусезона, би требало да го имаат во периодот од 7-11 март. Тогаш се игра полуфиналето од националниот куп, против екипата на Македонија Ѓ.П.

Капитен на екипата е Елвир Рамиќ.

Звонко Ивановски