Утрово на академијата се одигра контролен натпревар помеѓу фудбалскиот клуб на Вардар генерација “2004“ и екипата на Македонија Ѓ.П, составена од играчи кои се родени 2003/04 година. Ова беше како подготовка за екипата на Ѓорче за настапот на турнирот на пријателство во Бијелина. Се играа две полувремиња по 25 минути, а мечот заврши со триумф на Вардарци. Конечниот резултат гласеше 3:4.
Македонија Ѓ.П на три пати имаше водство, но нашите млади надежи се враќаа на натпреварот со гол, за на крајот и да победат, против мешаната генерација на Ѓорче. На полувреме се замина со нерешен резултат 2:2. Стрелци на головите за Вардар беа Георг Стојановски (2), Матео Софијаноски и Марио Ричков. За противничката екипа погодија Христијан Рогов, Филип Наумовски и Кристијан Николовски.
Ова е еден од последните контролни мечеви за Вардаровата генерација, која на крајот од месецов оди на заслужен одмор.