Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пионерските екипи во Тетово, кадетите и младинците на “мегдан“ со екипата на Македонија Ѓ.П
Пионерските екипи во Тетово, кадетите и младинците на “мегдан“ со екипата на Македонија Ѓ.П

Пионерските екипи во Тетово, кадетите и младинците на “мегдан“ со екипата на Македонија Ѓ.П

Младинските екипи на фудбалскиот клуб Вардар во текот на утрешниот ден ќе одиграат пријателски натпревари. Пом. пионери и пионери гостуваат во Тетово на екипата на Шкендија, додека кадетите и младинците ќе “спарингуваат“ со екипата на Македонија Ѓ.П на теренот во Ѓорче. Ова ќе биде последна проверка на формата за сите Вардарови генерации кои се натпреваруваат во домашната лига и куп.

Помладите пионери предводени од тренерот Сашо Јанев својот меч ќе го започнат во 12 часот. Во средината на месец декември овие две екипи исто така одиграа контролен натпревар во Тетово. На тој дуел Вардар беше поуспешен со резултат 0:2, со головите на Мишо Крстевски и Марио Илиевски. Да напоменеме дека во првенството на натпреварот одигран на Локомотива, нашите млади надежи издвојуваа убедлива победа од 4:0. Сепак во рамките на 1/4 од националниот куп, Шкеднија беше подобар противник во двомечот со Вардар и успеаа да се пласира во следната рунда. Истиов противник е наш најголем конкурент за освојување на домашното првенство. Се надеваме на продолжување на победничката серија за помладите пионери на овие контролни мечеви.

Пионерите на Фк Вардар дуелот против своите врсници од Шкендија ќе го одиграат со почеток од 10 часот. Оваа генерација имаше успешни подготовки, откако успеаа да ги добијат скоро сите натпревари во овој период, со исклучок на последниот во Штип, против екипата на Брегалница кој го загубија со минимален резултат од 0:1. Сите останати контролни натпревари ги добиваа со убедливи победи.

Кадетите и младинците патуваат во Ѓорче на “мегдан“ со екипата на Македонија Ѓ.П. Натпреварот на кадетите започнува од 10 часот, додека на младинците од 12 часот. Се надеваме на добри екипи од страна на двете наши екипи, кои во победнички ритам би ја започнале пролетната полусезона.