Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Младинците на Фк Вардар против Љубанци, пионерските екипи патуваат во Штип на контролни мечеви против Брегалница
Младинците на Фк Вардар против Љубанци, пионерските екипи патуваат во Штип на контролни мечеви против Брегалница

Младинците на Фк Вардар против Љубанци, пионерските екипи патуваат во Штип на контролни мечеви против Брегалница

Младинците на фудбалскиот клуб Вардар, предводени од тренерот Љупчо Марковски утре ќе одиграат пријателски натпревар против своите врсници од екипата на Љубанци. Мечот ќе се соигра на теренот во Н. Ново Лисиче со почеток од 10 часот. Ова се последни контролни натпревари и подготовки пред почетокот на пролетниот дел од сезоната, каде Вардарци атакуваат на освојување на двојната круна. Веќе одигравме неколку пријателски мечеви, меѓу кои и со првиот тим на Љубанци, кој е лидер во втората Македонска фудбалска лига. Тој меч го загубивме со 2:0, но пруживме доста силен отпор, а во првото полувреме бевме и многу подобри од противникот. Со младинската екипа на Љубанци се сретнавме во 1/8 на националниот куп, кога на истиов терен славевме минимално со резултат 1:0. Тогаш стрелец на единствениот погодок беше Виктор Димков. Ова е одлична можност да пружиме добра игра и да се види до каде е формата на црвено-црните, пред најаважните предизвици кои следуваат во продолжение од натпреварувачката сезона.

Контролен натпревар ќе одиграат и помладите пионери и пионери на Фк Вардар. После гостувањето во Софија, нашите две генерации во недела ќе отпатуваат за Штип, каде ќе одиграат пријателски мечеви со екипата на Брегалница. Дуелот на пом. пионери ќе започне во 10 часот, додека пионерите својот натпревар ќе го одиграат од 11:30.