Младинските екипи на ФК Вардар во текот на денешниот ден одиграа контролни натпревари со екипата на Шкендија.
Пионерските екипи гостуваа во Тетово, каде остварија половичен успех од една победа и пораз. Помладите пионери на Вардар иако први успеаа да го отворат резултатот, сепак на крајот беа поразени со резултат 3:1. Петар Давитов беше играчот кој ни донесе водство, од 1:о, после едно недоразбирање на противничката одбрана и голманот, Давитов ја користи грешката и донесе предност за својот тим. До крајот на првиот дел, домашниот тим успеа да го израмни резултатот на 1:1, кој беше актуелен на полувреме.
Во вториот дел, Вардар остана со играч помалку поради исклучување, а тоа го искористи Шкендија, која постигна два гола и на крајот забележа победа.
Вардар: Јаневски, Радевски, Атанасовски, Смиљков, Поповски, М.Крстевски, Дамевски, Блажевски, Јорданоски, Давитов, А.Крстевски.
Пионерите на Вардар забележаа победа со резултат 2:1, додека на полувреме актуелен беше почетниот резултат 0:0. Во вториот дел паднаа сите три гола, а резултатот го отворија црвено-црните со одличниот гол на Марко Николовски, кој погоди со волеј удар, после центар шут од Миовски за предност од 1:0. Во наредниот период, противникот го врати погодокот, после брз контра напад за израмнување на 1:1. Победа за нас донесе Давор Лефковски, акција која започна од Јанкоски, кој додаде до Лефковски, овој се ослободи од двајца противнички играчи, проигра со Миовски, кој врати до Лефковски кој погоди за 2:1, резултат со кој заврши и натпреварот.
Вардар: Нанчовски, Алексовски, Порчу, Спасовски, Јанкоски, Лефковски, Миовски, Ѓоргиевски, Анастасов, Николовски, Танчев.
На Локомотива, вардаровите кадети беа домаќини на Шкендија.
Кадетите одиграа без победник, односно со нерешен резултат 1:1. По првото полувреме, гостинската екипа имаше минимално водство од 0:1, додека во вториот дел Вардар врати со голот на Агрон Туша, кој погоди на асистенција од Нуредини. Вардар имаше повеќе од играта во второто полувреме и лесно можеше да стигне до резултатски пресврт. Шанси имаа Кузмановски, Фидановски, Нредини, но немаше реализација.
Вардар: Илиевски, Фидановски, Митревски, Кулуковски, Трајчевски, Бундалески, Нуредини, Радевски, Кузмановски, Стојановски, Туша.
Младинците доживеа висок пораз од Шкендија со резултат 2:5, слаб натпревар за нашите млади надежи кој на крајот резултираше со пораз. Стрелци на головите за Вардар беа Левент Ибраим и Филип Јовановски.
Вардар: Апостоловски, Алексовски, Стојилевски, Каровски, Анчевски, Цветков, Дошев, Уневски, Курти, Јовановски, Стојановски.