Завршни дводневниот одмор за избраниците на Чедомир Јаневски, тие по пауза од два дена, понеделеник и вторник повторно вчера беа на тренинг. Кормиларот на црвено-црните им даде одмор на момците со цел опоравување од долгата низа на натпревари кои ги одиграа.
Момците тренираа вчера некомплетни бидејќи огромен дел од ростерот е повикан за националните репрезенации. Дарко Велковски, Висар Муслиу и Бобан Николов се повикани за Македонија, Џамбул Џигаури за Грузија, Тигран Барсегјан и Ховханес Хамбарџумјан за селекцијата на Ерменија, додека за младата репрезентација ќе играат Петар Петковски и Бесар Исени. За селекцијата до 19 години на Македонија, од првиот тим на Вардар се повикани Филип Стојчевски, Тодор Тодороски и Бојан Колевски. Следен противник за нашите момци е дуелот против Ренова во Тетово во рамките од 15. коло.