Иако првенствено мечот од шеснаестфиналето во Купот на Република Македонија на нашиот фудбалски клуб Вардар беше закажан за утре во село Порој тој доби нов термин на одигрување една недела подоцна. Дуелот во кој се среќаваме со тетовскиот нисколигаш Скендербегу Порој ќе се игра на 24-ти август.
Истиот нема да се игра како што претходно беше најавено на теренот во селото Порој туку на Градскиот стадион во градот Тетово. Фудбалската федерација на земјава ги одреди и судиите за овој меч од првата рунда во Купот на земјава. Главен судија е делегиран стружанецот Качевски Јован, него ќе му помагаат во арбитрирањето неговите сограѓани Мацевски Ацо и Бакрачески Разме, четврти судија на дуелот е Ецкоски Марјан од Охрид. Другите двајца официјални лица се: делегат-Ракиџиев Лазар (Велес) и контролор Ветковски Ѓорѓи (Скопје). Во оваа прва шеснаесетфинална рунда се игра еден меч чии победник иде во осминфиналето од купот каде се игра двомеч дома-гости. Двојките за следната втора етапа во најмасовното натпреварување се одредуваат со дополнителна ждребка која ФФМ по крајот на оваа рунда ќе ја закаже и реализира во својте простории.