Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Куп предизвици за четири генерации на фудбалскиот клуб Вардар

Куп предизвици за четири генерации на фудбалскиот клуб Вардар

Четири Вардарови генерации денес ќе одиграат натпревари во рамките на националниот куп. Генерациите родени “2000“, “2001“, “2002“ и “2003“ година после првенствени, свои мечеви ќе одиграат и во ова натпреварување.

Помладите пионери во рамките на 1/16 од купот ќе се сретнат со екипата на Милано од Куманово. Овој меч ќе се одигра на академијата од 10 часот. Пионерите под водство на Сашо Тодоровски за противник во оваа рунда од купот ќе ја имаат екипата на Металург. Мечот ќе се одигра во скопско поле, со почеток од 12 часот.

После победите во неделата против Форца, генерациите родени “2002“ и “2003“ ќе одиграат и натпревари во купот. Избранциите на Петар Ѓорѓиевски од 14 часот на академијата своите сили ќе ги одмерат со екипата на Гостивар. Свој натпревар во купот од 12:30 часот ќе одигра и генерацијата родени “2003“ година против екипата на Шкендија од Тетово. Овој дуел исто така ќе биде одигран на академијата на фудбалскиот клуб Вардар.