Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар без деветмина репрезентативци ќе одигра меч од Купот в среда против Локомотива
Вардар без деветмина репрезентативци ќе одигра меч од Купот в среда против Локомотива

Вардар без деветмина репрезентативци ќе одигра меч од Купот в среда против Локомотива

 

Избраниците на Чеде Јаневски во среда на, 30-ти месецов   во Скопје ќе го одигра заостанатиот натпревар од шеснаесетфиналната рунда во Купот на Македонија. На овој дуел ние гостуваме кај екипата на скопскса ФК  Локомотива, црвено-црните ќе играат со играчите кои не се повикани за селекциите.

Голем број играчи на Вардар имаат покани, за своите земји. Повик за настап во репрезентацијата на Ерменија добија двајцата единствени играчи кои доаѓаат од оваа земја, а се дел од екипата на Вардар. Се работи за Тигран Барсегјан и Ховханес Хамбарџумјан кои се наоѓаат во одлична форма, а тоа беше добра препорака за селекторот на Ерменската репрезентација да ги повика за претстојните натпревари против Романија и Данска.

Стрелецот на израмнувачкиот гол за Вардар на реваншот во Истанбул, Џамбул Џигаури исто така ќе биде дел од репрезентацијата на Грузија за мечевите против Ирска и Австрија. За Црна Гора ќе настапи и нашиот крилен играч, Дамир Којашевиќ, кој исто така доби повик од селекторот на оваа селекеција, за мечевите против Казахстан и Романија.

Селекторот на Македонија, Ангеловски од редовите на Вардар ги повика Дарко Велковски, Бобан Николов, Стефан Спировски и Висар Муслиу, додека дел од младинската селекција ќе биде Петар Петковски.

[/highlight]