Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар организира Летен камп во Охрид
ФК Вардар организира Летен камп во Охрид

ФК Вардар организира Летен камп во Охрид

Црвено-црниот фудбалски колектив ќе организира Летен фудбалски камп во “бисерот крај охидското езеро“ градот Охрид.  На истиот главна цел  е децата да стекнат спортски навики и да го негуваат спортскиот дух, на оној начин како што тоа го прават професионалните фудбалери. За младите надежи овој камп има големо значење бидејќи најталентираните од нив   ќе бидат селектирани за Фудбалската Академија „Вардар“. Во информацијата од клубот за овој проект се вели:

Да им дозволиме на децата да се забавуваат и да се социјализираат. Заедништвото и позитивниот соживот создаваат среќни деца со добри пријатели и здрави интереси. Фудбалот е тимска игра во која сите победуваат или сите губат. Победата ја носи секој со себе, а поразот го делат сите! Затоа треба да се практикува блискост и заеднички живот и да им се дозволи на децата да почувствуваат дека не играат само против, туку и со противничките играчи. Појдовна точка во фудбалот е дека секое поединечно изразување и способност, личниот развој на детето и позитивниот заеднички живот со другарите е поважен од натпреварувањето и резултатот. Најважен резултат кој се добива се радосни деца, кои имаат можност да се изразат во позитивна игра со своите другари и поради тоа имаат желба да се занимаваат со фудбал. За нас во „Вардар“ многу се важни овие вредности, па затоа организираме летен камп за деца во Охрид, каде малите ќе можат да се дружат и да научат за фудбалот.

Кампот е планиран во две смени – првата од 7 до 12 август, а втората од 16 до 21 август. Првата смена е наменета за деца од генерациите 2003 и 2004 година, тренери ќе бидат Андон Андовски и Филип Арсовски, а на голманите Слободан Мутибариќ. Втората смена е наменета за деца од генерациите 2005 и 2006 година а тренери на малите фудбалери ќе им бидат Игор Кралевски и Зоран Петковски. Сите тренери кои секојдневно ќе се грижат за децата се со ПРО и А УЕФА лиценци. Сместувањето е во хотел „Дипломат“ и во апартманите Делукс во близина на терените за тренинг, во комплексот „Билјанини извори“. Покрај секојдневните тренинзи и натпревари дел од кампот ќе биде и невладината организација Опен Фан Фудбал. Ќе се организираат прошетки, дружење на плажа и други рекреативни активности. Целта на овој камп е децата да стекнат спортски навики и да го негуваат спортскиот дух, како што тоа го прават професионалните фудбалери. Летниот камп на „Вардар“ е важен и од социјален аспект. Децата ќе стекнат нови пријателства преку спорт, дружење и игра.

Најталентираните од нив, понатаму ќе бидат селектирани за Фудбалската Академија „Вардар“, во која тренинзите ќе започнат од септември.
Цената е 6.500 денари. Информирајте се повеќе на 02 3 130 712.