Според „Македонски спорт“, на подготовките во Австрија во базата на Вардар ќе се приклучи нов напаѓач. Станува збор за Матеус Лима Круз од Бразил.
Овој играч има 24 години, и доаѓа од редовите на Сантос. Во својата кариера, во сезоната 2015/16 настапувал за тимот на Кукс во Албанија каде на 27 натпревари постигнал 7 погодоци.
Лима доаѓа во Вардар на проба, доколку ги задоволи вкусовите ќе потпише договор со шампионот на Македонија.