Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Давид Љушев: Освоеното прво место беше само “круна“ на нашиот квалитет и потенцијал кои што го поседувавме како екипа
Давид Љушев: Освоеното прво место беше само “круна“ на нашиот квалитет и потенцијал кои што го поседувавме како екипа

Давид Љушев: Освоеното прво место беше само “круна“ на нашиот квалитет и потенцијал кои што го поседувавме како екипа

Вардаровата генерација родени “2004“ година направи голем успех во детската лига за изминатава натпреварувачка сезона. Двете екипи на тренерот Филип Арсовски се најдоа на првото и треттото место во оваа лига. Токму член на Вардар (2) кој на крајот стана шампион е младиот и надежен играч, Давид Љушев кој имаше забележителни настапи и голема заслуга за добрите резултати на својата екипа. Во наредниот текст ќе ве запознаеме со Давид, со неговите први почетоци во фудбалот, како ја гледа фудбалската игра, за успесите со неговата генерација и желбите за понатаму.

-Јас со фудбал почнав да се занимавам уште од пет годишна возраст. Мојот поттик за да започнам професионално да го изучувам фудбалот беше токму мојот татко, кој што е исто така поранешен фудбалер на Вардар. Моите први почетоци беа во Фудбалскиот Клуб Работнички под водство на тренерот Зоран Петковски, кој што е моментално тренер во Фудбалскиот Клуб Вардар на генерацијата 2005. Фудбалската игра ја доживувам како место на стратегија, тактика, борба со противникот а остварената победа претставува мое најголемо задоволство. За да се успее во фудбалот треба многу напорна работа, многу одрекувања и вложување во себе.

Оваа генерација подеднакво се натпреваруваше и во “Јуниор“ лигата, забележувајќи голем број на победи.

-Покрај редовните настапи во Детската лига, натпреварите во Јуниор лигата беа наш дополнителен мотив да продолжиме со победите. Ние како Вардар сме дополнителен мотив на сите екипи да се претстават во најдобро светло и баш заради тоа со добрите настапи на некои дечиња допринесоа да преминат во нашите редови. Заради тоа мислам дека овој проект е одличен за сите нас.

Голема е честа да се носи црвено-црниот дрес, Давид се надева дека еден ќе заигра во првиот тим, како неговиот татко.

-Вардар е нашиот најдобар и најтрофеен фудбалски клуб. Играњето во Вардар за мене претставува чест, мотив и инспирација за еден ден да го облечам сениорскиот дрес и да ми се исполни желбата да го облечам црвено црниот дрес како што го носеше и мојот татко.

Давид беше дел од екипата на Вардар (2) која успеа да го освои првото место во детската лига. Тие во големото финале беа подобри од екипата на Брегалница. Исто така учествуваа на два силни меѓународни турнири во Бугарија, а на еден од нив го освоија и првото место победувајќи екипи како Левски и ЦСКА од Софија.

-Успехот со Вардар 2 воопшто не беше изненадување туку тоа беше резултат на напорна работа, квалитетни тренинзи, натпревари од целата сезона, секоја утакмица за нас беше докажување, предизвик за нова победа. Екипата функционираше како колектив а не како поединец, верувавме во себе и во малите тешки моменти кои ги имавме во мал дел од сезоната а освоеното прво место беше само круна на нашиот квалитет и потенцијал кои што го поседувавме како екипа. Учеството на турнирите во Бугарија беше уште една слика за квалитетот како екипа која што го поседувавме, игравме со великани од рамништето на Левски, Црвена Ѕвезда, ЦСКА Софија, Ботев Пловдив и освоеното прво место само докажа дека фудбалскиот клуб Вардар ке има одличен потенцијал и перспектива во нас како генерација 2004.

Покрај играњето за Вардар, сениорскиот дрес и големиот Реал Мадрид се желбите за ова младо момче, кои се надеваме еден ден ќе станат реалност.

-Пред се сакам да ме служи здравјето, да продолжиме со успесите со генерација 2004. Еден ден да го облечам сениорскиот, и да заиграм пред полните трибини на Филип II Арената. И како најголема желба ми е да заиграм за Реал Мадрид и да завршам на стадионот Сантиаго Бернабе, изјави Давид Љушев за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски