Вардаровиот голман кој е генерациски родени “2003“ година, тоа е Лука Стојковски, дури после 14 одиграни натпревари почуствува како е да се прими гол во сопствената мрежа. Ова момче кој е стандарден чувар на голот на генерацијата “2003“ немаше примено погодок се до мечот со Работнички, кој го одигравме во вторникот, а заврши со нерешен резултат од 1:1. Претходно, Лука ја зачува својата мрежа незатресена уште од 10 коло во регионалната-скопска лига, а последниот гол го прими во првиот меч од четвртфиналето на купот, кога на домашен терен, Вардар ја победи Шкендија со резултат од 3:1, или тоа поточно се случи на 28-ми октомври минатата година. Ова се сите мечеви после овој дуел, на кој Стојковски успеа да биде несовладан.
10 коло: Работнички – Вардар 0:5
11 коло: Вардар – Македонија Ѓ.П 9:0
1/4 куп реванш натпревар: Шкендија – Вардар
12 коло: Шкупи – Вардар 0:3
13 коло: Вардар – Њу Старс 4:0
14 коло: Форца – Вардар 0:15
15 коло: Вардар – Скопје 5:1 ( на овој дуел црвено-црните примија гол во последните минути, кога на голот беше Томи Силјановски, кој претходно го замени Лука кој беше стартер на тој дуел)
16 коло: Милано – Вардар 0:1
17 коло: Вардар – Шкендија 1:0
1/2 куп: А.Пандев – Вардар 0:0
Во пролетниот дел, Лука се најде во стартните 11 и кај генерацијата родени “2001 година, или пионерите кои се предводени од тренерот, Петар Ѓорѓиевски. Тоа беа дуелите од 16 и 17 првенствено коло, против екипите на Победа (0:0) и трумфот против Милано (6:0) на кој Лука се најде во почетниот состав и исто така успеа да не прими гол. Забележа настапи и за помладите пионери и тоа по едно полувреме на два натпревари на кои не остана несовладлив.
Да не заборавиме дека Стојковски беше првиот голман, кој со само 14 наполнети години дебитираше за младинскиот состав на Вардар, а на последните мечеви добива шанса да биде дел и од кадетскиот состав .Таков беше случајот и на дуелот против Ренова, одигран на домашен терен, кој Вардар го доби убедливо, а Лука повторно ги демонстрираше своите квалитети, успевајќи да одбрани удар од белата точка. Несовладливлоста му ја сруши тимот на Работнички, на меч од регионалната лига, одигран во вторникот, кој заврши со нерешен резултат 1:1. Лука руши рекорди, кои тешко дека во иднина некој голман од младинската школа ќе може да се пофали со вакви бројки и достигнувања.
Секако голема заслуга за неговиот успех имаат и тренерите на голмани во младинските категории на Вардар, тоа се Саша Илиќ и Слободан Мутибариќ.