Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Давков стрелец на погодок, Мирков дебитираше во националниот дрес, Македонија У19 ја победи Црна Гора
Давков стрелец на погодок, Мирков дебитираше во националниот дрес, Македонија У19 ја победи Црна Гора

Давков стрелец на погодок, Мирков дебитираше во националниот дрес, Македонија У19 ја победи Црна Гора

Денес на тренинг центарот „Петар Милошевски“ својот прв контролен натпревар го одиграа репрезентациите на Македонија и Црна Гора до 19 години. Победата им припадна на нашите млади надежи кои триумфираа со резултат 2:0.

Одличен натпревар за избраниците на Влато Грозданоски, кои целосно ја надиграа репрезентацијата на Црна Гора. Двата гола беа постигнати во првото полувреме, иако Македонија можеше лесно да води и во првиот дел, со оглед дека имаше неколку добри прилики. Во вториот дел, резултатот за 1:0 го отвори вардарецот Грегори Давков, додека на 2:0 зголеми на Бехар Фета со удар од белата точка. Прекршокот после кој беше досуден пенал за Македонија го изнуди Антонио Мирков, играчот на Вардар, за кој ова беше деби во националниот дрес. Со неговото влегување во игра, „живна“ играта на Македонија која делуваше опасно по крилните позиции.

Инаку, стартери во составот на Македонија беа Грегори Давков и Дарио Јовановски, кој како и Антонио Мирков, беа принудно повикани во репрезентацијата за дуелите со Црна Гора. Поради позитивен ковид тест, од составот отпадна Филип Ѓорѓиевски. Шанса за настап на следниот дуел ќе чека вардаровиот голман, Гоце Јовчев.

Вториот контролен натпревар на Македонија и Црна Гора ќе се одигра во четврток на истиов терен со почеток од 11:00 часот.