Малме влезе во негативна серија, по ремито со Вардар 1-1, денес шведскиот првак уште еднаш не победи на домашен терен. Тие одиграјќи 3-3 против Сириус на дуел од домашната лига на нивниот стадион „Сведбанк арена“.
Тие тргнаа добро, имаа водство од 3-1, но во финишот им падна концетрацијата и дозволија да примат дури два гола, за конечни 3-3 на тој дуел. Додатен проблем за нив е што денес играа натпревар додека црвено-црните имаат слободен викенд. Бергет беше стрелец на првите два гола за Малме, третиот гол беше дело на Сарфо. Нашиот тим го пречекува Малме на стадионот „Младост“ во Струмица, вторник во 18-00 часот на се надеваме високи над 30 целзиусови степени кои ќе им бидат мака на скандинавците.