Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Филип Манасиевски: Очекувам од моите соиграчи да го дадат својот максимум, сложно и тимски да го надиграме противникот
Филип Манасиевски: Очекувам од моите соиграчи да го дадат својот максимум, сложно и тимски да го надиграме противникот

Филип Манасиевски: Очекувам од моите соиграчи да го дадат својот максимум, сложно и тимски да го надиграме противникот

Натпреварот кој може да го реши шампионот во конкуренција на помлади пионери се игра во сабота на теренот во Тетово. Помладите пионери на ФК Вардар ќе имаат тешко гостување на екипата на Шкендија, која е наш конкурент за освојување на титулата. Избраниците на Сашо Јанев врзаа две победи, откако во првите две пролетни кола одиграа со нерешен резултат. Со екипата од Тетово веќе имавме можност неколку пати да играме оваа сезона. Во есенскиот дел црвено-црните убедливо славеа со резултат 4:0, додека Шкендија беше тимот кој не елимираше во националниот куп и кој ни го нанесе единствениот пораз оваа сезона во двете натпреварувања. Во паузата пред почетокот на пролетниот дел со истиов противник одигравме два контролни натпревари во Тетово и на двата меча забележавме победа. Сепак ова ќе биде нешто друго, влогот за двете екипи несомнено е голем. Пред одигрување на ова коло Вардар е лидер на табелата со два бода повеќе од Работнички и три од Шкендија. Доколку триумфиравме во сабота, во голем дел би ја откажале Шкендија од борбата за титулата. Во пресрет на ова дерби, за нашиот сајт своите очекувања ги сподели Филип Манасиевски, кој е член на Вардарци.

-Во пролетната полусезона од коло во коло ја креваме формата. Очекувам тежок натпревар кој може и немора да одлучи кој ќе ја освои титулата, сепак долга е сезоната. Очекувам од моите соиграчи да го дадат својот максимум, сложно и тимски да го надиграме противникот. Домашниот терен и цврстата домашна екипа не носат секогаш предност на дерби натпревари. Мислам дека сме физички и психички подобро спремни од противникот благодарение на подготовките што ги направивме заедно со нашиот тренер Сашо Јанев. Секако не не интерсира ништо друго освен победа, изјави Филип Манасиевски за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски