Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Манчини: Вардар има силна одбрана, не очекува тежок натпревар во Скопје
Манчини: Вардар има силна одбрана, не очекува тежок натпревар во Скопје

Манчини: Вардар има силна одбрана, не очекува тежок натпревар во Скопје

Утрешниот противник на Вардар во лигата на Европа, екипата на Зенит веќе се наоѓа во Скопје каде во пресрет на дуелот со нашиот шампион одржа прес-конференција, на која го сподели очекувањата за утрешниот натпревар. пред медиумите се обрати тренерот на Зенит, Роберто Манчини кој истакна дека не го познава нашиот состав, но дека неговиот тим на секој натпревар оди на триумф.

-Сите играчи кои пристигнаа во Скопје се подготвени да играат и да се надигруваат, освен  Паредес и Шахов кои имаат повреди. Го имаме анализирано Вардар, сигурно е дека не чека тежок натпревар во Скопје. Не може со сигурност да кажеме како ќе игра противникот, затоа што е ова нас прва средба со нив. Нивната силна страна е одличната одбрана.

-На последните два дуели во руското првенство, екипата на Зенит одигра без голови 0:0, но сепак тоа не го загрижува стратегот на Зенит кој вели дека тоа било само лош ден за неговата екипа.

Нашите последни два меча без голови не ме загрижуваат. Натпреварот против Динамо беше само еден лош ден моите играчи И покрај тоа што не играме Лига на шампиони, амбициите се исти, да победуваме. Така ќе биде и на овој натпревар против Вардар. Сакаме да си одиме со три бода од Скопје, рече Манчини.