Откако денеска ги мина последните тестови, Коста Манев потпиша договор со нашиот тим. Како што објавивме пред некој ден, договорот на Коста е во важност од една година со опција истиот да биде продолжен за уште една година.
„Вардар е во најголемиот клуб во Македонија, и јасно ми е дека секогаш очекувањата се високи, секогаш приоритетите се освојување на титула. Посакувам во новата сезона да ја вратиме титулата онаму каде што и е местото, и да стигнеме што е можно подалеку во Лигата на Европа. Доаѓам во клуб кој лани мина одлично во Европа, и посакувам така да биде и престојното лето. Очекувам да се вклопам во новиот клуб што е можно побрзо, да ги запознаам моите нови соиграчи и да се вклопам во системот на тренерот на стручниот штаб и неговите идеи. Јас со напорна работа ќе се обидам да се наметнам, и да дадам придонес Вардар да има успешна сезона“, рече новиот стопер на „црвено-црните“ при потпишувањето на договорот.