ФК Вардар овој викенд ќе го засили уште еден дефанзивец. Нов играч на “црвено – црните” и дефинитивно е Коста Манев, 25-годишен нашинец кој доаѓа од ПС Кеми од Финска.
Манев игра во дефанзивата, покрај на стоперската позиција може да одговори и како лев бек. Во досегашната кариера покрај за Кеми, има настапувано и за екипите на Интер Турку, ПК-35, Хонка, Викингит, Клуби 04, сите од Финска.
Добра вест за тренерот Бабунски е што Манев е во одличен натпреварувачки ритам, финското првенство е во тек, а Манев одигра 14 oд 15 натпревари.
За овој трансфер Вардар Фанс напиша уште пред повеќе од еден месец.