Помладите пионери на Фк Вардар направија голем чекор кон големото финале во националниот куп. Вчера на терените на ФФМ беа подобри од екипата на Македонија Ѓ.П. забележувајќи висока победа од 4:1. Стрелци на головите беа Марко Ѓоргиевски, Никола Џурџу, Јакуп Бериша и Стефан Миљковиќ. Во групата се наоѓа уште и екипата на Шкендија. Првите две најдобри екипи ќе играа во финалето на купот.
-Ја имавме контролата на играта против Македонија Ѓ.П. Имавме повеќе шанси, но некои не ги искористивме. Играме се подобро и подобро. Бев сигурен дека ќе победиме и дека ќе играме во финалето. Ни преостанува уште меч со Шкендија за да го потврдиме тоа, ни изјави најдобриот голгетер Марко Ѓоргиевски за нашиот сајт.
Звонко Ивановски