Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Мартинага си замина од Вардар
Мартинага си замина од Вардар

Мартинага си замина од Вардар

Хрватот кој одигра само една полусезона во редовите на Вардар, Марко Мартинага го напушти ,,црвено – црниот” табор и кариерата ќе ја продолжи во Струмица во екипата на Академија Пандев.

Мартинага воглавно беше резерва на стартот од шампионатот, а потоа добиваше шанса од самиот старт, понекогаш како крило и како одбрамбен играч. Марко во редовите на Вардар запиша 13. првенствени натпревари, или поточно 869 минути. Тој нема да биде единствениот што од Вардар заминува во овој прволигаш во овој преоден рок.

Му посакуваме успех и среќа во понатамошната кариера.