Monday ,13 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер.“2007„ победи и одигра реми со Њу Старс во детската лига
ФК Вардар генер.“2007„ победи и одигра реми со Њу Старс во детската лига

ФК Вардар генер.“2007„ победи и одигра реми со Њу Старс во детската лига

Утрово започнаа возбудувањата од новото коло во детската фудбалка лига, први од вардаровите генерации настапи ФК Вардар генер. “2007“ која за противник ја имаше екипата на ФК Њу Старс. На двата меча кои се одиграа на фудбалските терени на ФК Работнички во градскиот парк остваривме  една победа и едно реми.

Најпрво на теренот излегоа Вардар (1) и Њу Старс (2), првата шанса на натпреварот ја имаше екипата на Њу Стар, по грешка на нашата одбрана, но тука беше последниот бедем во вардароварта одбрана  овој удар успешно го брани Лука Јаневски. Врати Вардар со голема прилика за Драбан Лебариќ, неговиот удар го брани голманот. Младите Вардарци беа подобри на теренот, со постојана офанзива кон противничкиот гол. Лука Атанасовски беше следниот кој се најде во гол шанса. Во следната акција Крстевски и Лебариќ проиграа, овој последниот бие, но голманот на Њу Старс последна пречка за наше водство. Последен во шанса пред крајот на првото полувреме за Војо Стојановски, но резултатот остана непроменет. По првото полувреме, резултатот е 0:0.

Конечно погодок во второто полувреме за Вардар. Димитар Фидановски го отвара резултатот на овој натпревар за 1:0. Претходно во истата акција Лебариќ биеше на два пати, одбиената топка од голманот стигна до Фидановски кој успешно стрелаше. Силна офанзива на Вараровите играчи, удар на Марко Крстевски покрај голот. Ваквата игра ни носи водство од 2:0 со погодокот на Лебариќ. Сите дилеми за кој ќе победи беа решени, откако Лука Атанасовски погоди за 3:0 што беше конечен резултат.Имавме можност и за четврти гол, преку Стојановски, но голманот одбрани.

Во вториот дуел денес избраниците на Томче Трајановски ФК Вардар  генерација 2007 (2) се сретнаа  со ФК Њу Старс (1). На овој дуел почнавме резервирано, прва посериозна шанса имаа нашите противници кои ја погодиа гредата од гол конструкцијата. Втора прилика повторно ја имаа младите надежи на екипата на Њу Старс и истата ја претворија во погодок со кој поведоа со 0-1. Сепак младите црвено-црни лавчиња предводени од Трајановски воопшто не  преставуваше проглем ова водство напотив тие тргнаа да во офанзива да дојдат до предност. Денес во нашите редови го имавме расположениот за игра Борјан Томовски, тој  најпрво со погодок го изедначи резулатот на мечот на 1-1, а потоа со еден ефектен одличен еуро-гол го постигна голот за наше водство и резулат од 2-1. До крајот на првиот дел останаа за забележување уште неколку интересни моменти , најпрвин играчите на Њу Старс се обидоа да погодат но нашиот голман беше на висината на задачата, а шанса за да се запише третпат во листата на стрелци имаше кај нас Томовски.  На одмор се замина со резултат 2-1.  Во вториотд период се редеа шанси на двете страни, но изостана ефикасноста во истите. Играчите на Њу Старс (1) успеаа сепак да погодат еднаш во вториот дел и да го изедначат резулатот на 2-2, што подоцна ќе се покаже и како конечен исход на овој втор утрински дуел на ФК Вардар генер “2007“