Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Слави Скопје, Македонијо падна Копенхаген- ВАРДАР ГАЗИИ ВО ЛШ
Слави Скопје, Македонијо падна Копенхаген- ВАРДАР ГАЗИИ ВО ЛШ

Слави Скопје, Македонијо падна Копенхаген- ВАРДАР ГАЗИИ ВО ЛШ

Вечерва на арената “Филип Втори„ се одигра  фудбалски натпревар, помеѓу Вардар и Копенхаген, во рамките на третото квалификациско коло од лигата на шампионите. Вардар повторно газеше во Фудбалска Европа и победи со 1-0, по првиот дел беше 0-0. БРАВО МОМЦИ…

a2

Дуелот го почнавме со : Гачевски, Хамбарџумјан, Демири, Грнчаров, Новак, Спировски, Николов, Блажевски, Фелипе, Барсегјан, Балотели.  Прва  прилика имаа гостите во 3.минута Вербиќ шутна,  Гачевски со парада одби во прв корнер за Копенхаген. Во 4.минута во соло продор е  Блажевски, тој  од дваесетина метри шутира, топката од блокот на Боилесен оди во прв корнер. По изведената корна со глава се обиде Хамбарџумјан, неговиот удар замина над голот. Во 7.минута Барсегјан до 20-30 метри  упати удар кој што беше одбранет од Олсен. Минута потоа, шут упасен имаше  Блажевски од 25 метри, топката оди само крај голот. Следеа мирни 15.минути во продолжение на дуелот. За одбележување во продлжение беа две наши прилики, Фелипе нафрли од корнер, а Балотели од 7-8 метри со глава ја упати топката само над голот во 30.минута. Во 34.минута  видовме удар  на Спировски од слободен удар од триесетина метри, топката сепак не заврши каде што беше упатена, во голот. Во 45+1 минута, односно во продолжението ја имавме најубавата шанса, Фелипе шутна одлично но голманот на гостите исфрли во корнер.

a3 a4

 Вториот дел почна со неколку обида на гостите, сепак без опасност. Прва прилика имаше за нас во вторите 45 минути Хамбарџумјан. Во 55.минута голема прилика пропуштивме преку Балотели, чии удар беше исрлен во корна. Минута потоа повторно истиот играч во одлична шанса, ударот на Бразлилецот заврши во рацете на гостинскиот голман. Седлоски во 60.минута го повлече од игра Блажески Дејан, на негово место го уфрли Којашевиќ Дамир. 64минута… ГОООООООЛ! Вардар води со голот на Балотели, тој со прецизен удар во горниот лев агол погоди за водство 0д 1-0. По овој гол стадионот е во делириум, се слави црвено-црниот погодок. Во 70.минута од слободен удар од десно на некој 25.метри се закани Којашевиќ, неговот удар заврши крај голот. Екипата на гостите направи измена, тие по голот на местото на Тутох во игра го внесоа Томсен. Седлоски освежи, Брдаровски го заменува Барсегјан, оваа измена беше во 77.минута од дуелот.  Спировски се обиде од дистанца во 79.минута, сепак беше турнат при шутот и неуспеаа да погоди ефектно.  Во следните пет минути игра на средина од игралиштето, двата тима се крајно предпазливи во своите обиди за атак кон голот на ривалот. Фелипе одлично солира и вади слободен удар во 83.минута по изведувањето на истиот имавме голема шанса.  Балотели одлично дрибна асистираше, Дамир Којашевиќ се обиде, но за жал не погоди од 12-13 метра.  Гостите се заканија во 87.минута, ама Гачевски беше на висина на задачата. Во 88.минута последна измена кај нас, Глигоров Никола влезе на место на Бобан Николов. Голема прилика за гостите во 3.минута од продолжението. Големо славје следеше по последниот судиски свиреж…

a5