Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар “есенската титула“ ја потврди во Битола, со триумф над Пелистер
Вардар “есенската титула“ ја потврди во Битола, со триумф над Пелистер

Вардар “есенската титула“ ја потврди во Битола, со триумф над Пелистер

Црвено-црните есенската полусезона дефинитивно ќе ја завршат како првопласирани, откако денес во Битола однесоа победа во македонското фудбалско дерби над ФК Пелистер со резултат 1-0 (1-0). Двата тима мечот го почнаа со следните играчи: ВАРДАР: 90. Гачевски, 6. Грнчаров, 8. Спировски, 14. Велковски, 16. Глигоров, 20. Николов, 21. Новак, 70. Фелипе, 77. Брдаровски, 87. Грозданоски, 89. Боарето. ПЕЛИСТЕР: 1. Пашовски, 3. Тошевски, 6. Бојовиќ, 7. Божиновски, 16. Ковачев, 17. Попзлатанов, 19. Кардосо Лукас, 22. Трифуновски, 77. Аугусто, 88. Илиев, 99. Бујчевски.

Пред натпреварот со едноминутно молчење им беше искажана последна почит на жртвите на фудбалскиот тим Шампекоенсе после вчерашната авионска несреќа во Колумбија. Вардар го отвори натпреварот на најдобар можен начин. По само десет минути игра нашиот тим стигна до гол од првата посериозна шанса. Стрелец на голот беше Фелипе кој со удар ниско поземја успеа да го матира Пашовски за 0:1 за нашиот тим. Веќе во наредната минута следуваше прекин на натпреварот. Натпреварот беше прекинат поради тоа што беше удрен со предмет помошниот судија на Ставрев. Натпреварот дојде и до 40 минута, но не се играше. Барањата на делегатот не беа исполнети.
felipe-fkv

Во 44 минута после нешто повеќе од половина час прекин се продолжи мечот во Битола. Лошо делуваше, делумно на нашите играчи предолгиот прекин. Пелистер прв нападна, по еден  корнер мешаница настана во голманскиот простор, а  Бујчевски  најде начин да упати удар сепак  Гачевски беше на место. Голема шанса имаше за зелено-белите,  Трифуновски тој упати удар од  25 метри под пречка, сепак Гачевски феноменално брани. Тоа беше се за одбележување во првиот дел чие доигрување беше тешко за двата тима поради преголемиот прекин на мечот.

Вториот дел  почна мирно по сончево време, на терен на кој се уште има остатоци од снежни наноси од претходните врнежи. Во 62 минута  имаше прилика Вардар, Спировски ассистира  до Боарето кој е сам пред голот на зелено-белите и шутира крај него. Минута потоа домаќините имаа обид со глава, во кој  Трифуновски шутна крај голот. Прва измена Седлоски направи во 65 минута кога го уфрли Ховханес Хамбарџумјан на место на младиот  Дарко Велковски. На 20 минути до крајот се заканивме преку  Николов, тој шутна  од  некаде над 25 метри, ударот го  брани Пашовски кој денес беше совладан после над 10 часа во ПМФЛ. Во продолление имаше уште еден прекин поради погодување на помошниот судија од трибината, сепак овој траеше далеку пократко од тој во првиот дел. Во претпоследната минута шанса имаше  Божиновски, сепак на место беше нашиот голман Гачевски. Дејан Блажевски-Шиле беше втората измена денес во 90+1 влезе на место на Николов, со цел одземање на дел од четири минутното продолжение. Со иста цел Љамчевски влезе во следната акција на место на бразилецот Балотели во игра.