Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Под рефлектори и против Академија Пандев!?
Под рефлектори и против Академија Пандев!?

Под рефлектори и против Академија Пандев!?

Македонскиот шампион Вардар влезе во добра серија, црвено – црните на последните три натпревари бележат само победи, по победат над Скопје, беа совладани и тимовите на Ренова и Пелистер.

Серијата на победи Вардар сака да ја продолжи и на наредниот натпревар и тоа против новиот прволигаш, тимот на Академија Пандев. Овој натпревар против АК.Пандев треба да биде одигран в недела на Градски и тоа повторно под рефлектори.

Вардар побарал дозвола од ФФМ да игра в недела исто така од  18.00 часот. На оваа иницијатива овие денови треба ФФМ да даде согласност и натпреварот да се игра во вечерен термин исто како оној во неделата против Пелистер.