Во недела, нашиот фудбалски шампион ќе го одигра вториот натпревар во пролетниот дел на првата македонска фудбалска лига. Црвено-црните гостуваат во Струмица, на екипата на Хоризонт Турново. Се надеваме на нова добра игра на Вардарци и триумф кој би не заврстил на првото место на табелата. Секој нареден меч е битен за шампионската титула, таков ќе биде и овој на секогаш незгодниот терен во Турново.
Одреден е главниот судија на овој меч и неговите помошница. Димитар Мечкаровски ќе ја дели правдата на овој меч, а негови помошници ќе бидат Дејан Николовски и Гоце Петрески од Скопје. За четврти судија е назначен Константин Влахо.