Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Дамјан Менкиноски: Со мислата да победиме тргнавме на ова гостување, на кое дадовме се од себе и заслужено победивме.
Дамјан Менкиноски: Со мислата да победиме тргнавме на ова гостување, на кое дадовме се од себе и заслужено победивме.

Дамјан Менкиноски: Со мислата да победиме тргнавме на ова гостување, на кое дадовме се од себе и заслужено победивме.

Кадетите на фудбалскиот клуб Вардар успеаа да забележат голема победа на гостувањето, против екипата на Шкупи. Овој меч, кој беше во рамките на 17 коло го добивме со убедлив резултат од 1:4. Иако домаќинот беше тој кој прв го отвори резултатот и тоа со удар од белата точка, сепак до крајот на натпреварот црвено-црните беа многу подобри на теренот, постигнувајќи четири погодоци во противничката мрежа. На полувреме направивме комплетен пресврт за водство од 1:2. Со оваа победа си ги зголемивме шансите за освојување на титулата. Дејан Маркоски постигна два гола, додека по еден беше дело на Никола Серафимов и Дамјан Менкиноски.

-Еден добар натпревар, на кој и покрај негативата од 1:0 и многу тешкиот терен, сепак на крајот успеавме да издвојуваме победа со убедлив резултат од 1:4. Секако дека се надевавме на триумф, со таква мисла тргнавме на ова гостување, на кое дадовме се од себе и заслужено победивме. Сериозно го сфативме значењето на овој натпревар за нас, игравме смирено и со добра игра успеавме да победиме.

До крајот на првенствената сезона остануваат уште пет натпревари, додека во среда го играме реваншот од полуфиналето во купот на Македонија, каде Вардаровите кадети ќе патуваат на реваншот против Милано со минимална предност од 1:0.

-Можам да ветам дека до крајот на сезоната ќе се бориме максимално и на секој меч ќе одиме на три бода, како би ги зголемиле шансите за освојување на титулата, како во првенството, така и во националниот куп, изјави Дамјан Менкиноски за нашиот сајт.

Звонко Ивановски