Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Мицевски: Среќен сум што дебитирав со два гола

Мицевски: Среќен сум што дебитирав со два гола

ale

Црвено-црниот тим имаше победнички почеток на серијата на тест-натпревари на подготовките во Словенија. Мечот против Шампион од Целје мина во знакот на дебитантите во  вардаровиот дрес. Дарко Мицевски, фудбалерот од средниот ред на нашиот тим, кој што пред неколку дена се врати во својот матичен клуб, во своето деби в постигна два гола во победата со  4:1.

Добар старт на подготвителните натпревари, иако со релативно доста послаб противник. Сепак, секогаш е убаво кога се победува, и секако дека сум среќен што на првиот меч во новиот клуб бев стрелец на два погодока. Меѓутоа за нас најважно е овој период кој следи што подобро да се воиграме, и што повеќе да ги исполнуваме тактичките задачи од стручниот штаб. Ни престојат уште неколку тестови со далеку поквалитетни противници. Се надевам дека ќе дојдеме до посакуваната форма најпрво за европските натпревари, а потоа и за домашните натпреварување, што е целта на овој подготвителен период-изјави Мицевски.