Friday ,11 April 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Милано е следен противник за вардаровите генер. 2004 и 2005 во регионалната-скопска лига
Милано е следен противник за вардаровите генер. 2004 и 2005 во регионалната-скопска лига

Милано е следен противник за вардаровите генер. 2004 и 2005 во регионалната-скопска лига

Во недела, своето трето пролетно коло во рамките на регионалната-скопска лига ќе го одиграат генерациите на ФК Вардар родени 2004 и 2005. Нашите млади надежи гостуваат во Куманово, на екипата на Милано.

Генерацијата 2004 одлично го започна пролетниот дел од сезоната, со две победи во дерби дуелите со екипите на Шкендија (1:2) и Работнички (4:0). Милано е вториот тим кој оваа сезона успеа да ни одземе бодови, со оглед дека во есенскиот дел на теренот на Академијата со истиов противник одигравме без голови (0:0). Вардар е прв на табелата, а ова едно од потешките гостувања кое треба да го пребродиме, со евентуален триумф на црвено-црните ќе биде отворен патот до одбрана на титулата во ова натпреварување, иако има уште многу да се игра до крајот на сезоната. Натпреварот во недела ќе стартува во терминот од 12:00 часот.

Генерацијата 2005 на Вардар после првиот пораз сезонава, во дербито од екипата на Шкендија (2:1), успеа да се врати на победничките патеки и да сврзе два триумфи по ред. Најпрво им вративме на тетовачани за поразот во лигата, па на истиот терен во Тетово ја совладавме Шкендија во рамките на првиот полуфинален меч во купот (0:3), за три дена подоцна да успееме да славиме и на градското дерби против екипата на Работнички (2:1). Во есенскиот дел бевме убедливи во дуелот со Милано, кога славевме победа со резултат 4:0. Мечот во недела ќе започне од 10:00 часот.