Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Антонио Мирков и Дарио Јовановски дебитираа во ПМФЛ, како играчи на Вардар
Антонио Мирков и Дарио Јовановски дебитираа во ПМФЛ, како играчи на Вардар

Антонио Мирков и Дарио Јовановски дебитираа во ПМФЛ, како играчи на Вардар

Вардар загуби од екипата на Шкупи во рамките на 23.коло во ПМФЛ. Нови млади играчи го имаа своето деби за црвено-црните на вчерашниот натпревар. Се работи за Антонио Мирков и Дарио Јовановски кои се родени 2003 година.

Антонио Мирков ја игра својата петта година во клубот, а се работи за „производ“ на фудбалската школа Форца. Дарио Јовановски кој потекнува од Металург е дел од Вардар веќе шест години и двајцата ги поминаа младинските категории на овој клуб.

Мирков и Јовановски освоија голем број на трофеи со генерација 2003, од кои во 2019 година и двојната круна под водство на Филип Деспотовски.

Се работи за големи надежи и потенцијали на Вардар и македонскиот фудбал, се надеваме во иднина дека ќе ги видиме и во националниот дрес на сениорската репрезентација.

ФОТО: Вардар – фото галерија