Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Антонио Мирков е неприкосновен на листата на најдобри стрелци во младинската Супер лига

Антонио Мирков е неприкосновен на листата на најдобри стрелци во младинската Супер лига

Младинците на ФК Вардар имаа одличен есенски дел во кој успеаа да завршат на првото место во младинската Супер лига. Имаме убедливо најдобар напад во лигата со вкупно 35 постигнати голови. Вардар може да се пофали дека го има најдобриот стрелец во лигата, а се работи за Антонио Мирков кој игра одлична полусезона во црвено-црниот дрес.

Антонио Мирков со 13 постигнати голови е неприкосновен на листата на најдобри стрелци во младинската Супер Лига, со големи шанси да остане на врвот и на крајот од сезоната. Никола Димитровски (Пелистер), Јован Дојчинов (Брегалница) и Мартин Шутевски ( А.Пандев) го делат второто место со 6 постигнати голови, односно Мирков е далеку пред нив.

Што се однесува до листата на стрелци во Вардар, нормално е дека Мирков е лидер и тука, а кои се останатите играчи кои се запишуваа во листата на стрелци, на десет одиграни натпревари сезонава.

1. Антонио Мирков  -13

2. Нијаз Јусуфи  -4

3. Марио Ричков, Лео Андрески, Славче Живков, Огнен Здравковски и Дарио Јовановски  -2

4. Филип Ѓоргоски, Ѓорги Дошев, Мартин Илиевски, Сулејман Исмаиљи, Дамјан Марковски, Марко Стојилевски и Дарко Трпезановски  -1.