Изминатиов викенд стартуваше новата сезона во првенството на младинските фудбалски категории. Дебитанти во првенството се Вардаровата генерација “2002„ која претходните две години се натпреваруваше во детската лига. Тие оваа сезона имаат нов тренер во искусниот тренер, Љупчо Марковски-Калц, кој претходните сезони работеше со младинскиот состав. Помладите пионери стартуваа со триумф и тоа на гостувањето во Тетово, против тимот на Ренова. Црвено-црните беа убедливи забележувајќи висок триумф со резултат 1:4. Хет-трик на овој дуел постигна Антонио Мирков кој добива шанса од тренерот да настапува за помладите пионери, иако е една генерација помлад. Тој за нашиот сајт ги сподели впечатоците од воведниот триумф во новата натпреварувачка сезона.
-Ова е прва официјална победа за мојот тим за која сите сме заслужни, а особено мене многу ми значи многу бидејки ова е мој деби настап во првенството за оваа генерација. Првото полувреме помина без голови, топката цело време беше во наш посед, но за жал не успеавме да ги искористиме нашите шанси. Во второто полувреме не посака среќата и успеавме да постигнеме 4 погодоци кој значеа победа за целиот тим.
Мирков минатата сезона пристигна од фудбалската школа Форца и веднаш се наметна во Вардаровата генерација “2003“ каде беше исто така стандарден во составот кој тогаш го преводеше тренерот Трајановски, а сега добива уште поголема шанса да игра за помладите пионери.
-Јас успеав да постигнам хет-трик, но бројот на голови кој ќе ги постигнам не е важен, важна е победата на целиот тим, а да не е тимот јас нема да постигнам толку голови, бидејки некој треба да ја донесе топката до мене. Оваа сезона играм за повозрасна генерација во која тренер е Љупчо Марковски Калц кој е најзаслужен за оваа победа и сите што ќе следат во тимот, бидејки виде во мене играч кој може да се носи со поголеми генерации. Затоа му благодарам, а јас секој натпревар ќе дадам се од себе за да ја оправдам неговата доверба.
Звонко Ивановски