Денес започна квалификацискиот турнир за македонската фудбалска репрезентација до 19 години. Оваа генерација на играчи се бори за пласман во Елитната фаза.
На турнирот кој се игра во Елбасан (Албанија), младите надежи на Македонија беа минимално поразени од репрезентацијата на Србија. Конечниот резултат гласеше 1:2. На полувреме немаше промена на резултатот, односно немаше погодок. Во вториот дел за десеттина минути, селекцијата на Србија постигна два гола во нашата мрежа, а Македонија постигна гол за намалување на 1:2, резултат кој на крајот се покажа и како конечен.
Во стартниот состав се најде еден вардарец, се работи за Грегори Давков, додека голманот Гоце Јовчев не влезе во игра, односно денес голот го чуваше Стефан Тасев, поранешен член на Вардар.
Во следното коло за противник ја имаме силната репрезентација на Франција.